Во Танзанија се одржува Самит на кој се бара решение за судирите во ДР Конго
- Во Танзанија денеска се одржува Самит на лидерите од источна и од јужна Африка, со цел да се изнајде решение за конфликтот во Демократска Република Конго

Додома, 8 февруари 2025 (МИА) – Во Танзанија денеска се одржува Самит на лидерите од источна и од јужна Африка, со цел да се изнајде решение за конфликтот во Демократска Република Конго.
Претседателот на Кенија, Вилијам Руто во воведно обраќање истакна дека „животите на милиони луѓе зависат од способноста да се управува со оваа сложена и предизвикувачка ситуација со мудрост и емпатија“.
Претседателот на Руанда, Пол Кагаме, чија Влада е обвинета за поддршка на бунтовниците М23, кои го контролираат Гома, најголемиот град во источниот дел на ДР Конго, присуствува на Самитот во Дар ес Салам, додека претседателот на ДР Конго, Феликс Чисекеди се вклучува преку интернет.
Експертите на ОН тврдат дека околу 4.000 војници од Руанда ги поддржуваат бунтовниците М23 во ДР Конго.
Руанда за ескалацијата на судирите во Северно Киву, провинција богата со минерали, ги обвини мировните сили распоредени во регионот за борба против припадниците на М23.
Кагаме тврди дека нивното распоредување во источниот дел на ДР Конго не придонесува за мирот.
Додека Чискеди не прифаќа директни преговори со М23, кое неодамна го освоија градот Гома и ветија оти ќе напредуваат до Киншаса.
Сојузот за реката Конго, коалиција на бунтовнички групи во која е вклучено и Движењето М23, во отвореното писмо до Самитот, истакна дека се бори против режимот на Киншаса, кој „престанува ужасна опасност за народот на Конго“. ми/
фото: МИА архива