• сабота, 22 февруари 2025

Во Словенија Ден на жалост поради рударската несреќа во Велење

Во Словенија Ден на жалост поради рударската несреќа во Велење

Љубљана, 24 јануари 2025 (МИА) -Во Словенија денеска е Ден на жалост поради смртта на тројцата рудари, кои загинаа во рудникот за јаглен во Велење.

Знамињата на државните институции се спуштени на половина копје, а словенечката Влада ги повика организаторите на културни и други настани да ја приспособат својата содржина на Денот на жалост.

Несреќата се случила на 20 јануари кога во рудникот продре влажна глина од 500 до 700 кубни метри. Првата жртва беше пронајдена тој ден, додека останатите две тела беа пронајдени пред два дена.

Тоа е прва поголема несреќа во јагленокопот во Велење од 2003 година, кога загинаа двајца рудари, а осуммина беа повредени. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан