• четврток, 21 ноември 2024

Во Скопје санкционирани 122 возачи

Во Скопје санкционирани 122 возачи

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Во Скопје, изречени се 122 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 19 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Како што се вели во соопштението, Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжил со контролите во областа на сообраќајот, а контролите ќе продолжат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта. аан/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан