Во руските напади врз Одеса повредени 22 лица
- Во синоќешните руски воздушни напади врз Одеса повредени се 22 лица, објави денеска на Телеграм началникот на Воениот отсек во Одеса Сергиј Лисак
Киев, 27 јануари 2026 (МИА) – Во синоќешните руски воздушни напади врз Одеса повредени се 22 лица, објави денеска на Телеграм началникот на Воениот отсек во Одеса Сергиј Лисак.
Синоќа непријателот изврши масовен напад врз Одеса со беспилотни летала. Оштетени се инфраструктури објекти, станбени згради, градинка, продавница и градилиште. Повредени се 22 луѓе, од кои 14 се здобиле со полесни повреди, наведе Лисак.
Тој додаде дека е формиран оперативен штаб кој пружа помош на граѓаните на кои им е потребна. ми/сд/
фото: МИА архива