• петок, 05 декември 2025

Во руски ракетен напад на истокот на Украина загинаа три лица, а десетина ранети - меѓу нив и деца

Во руски ракетен напад на истокот на Украина загинаа три лица, а десетина ранети - меѓу нив и деца

Харков, 17 ноември 2025 (МИА) - Најмалку три лица загинаа ноќеска во руски воздушни напади на истокот на Украина, соопштија локалните власти.

„Непријателот изврши ракетни напади врз градот Балаклија“, при што се оштетени станбени згради и возила, наведе на Телеграм началникот на воената администрација на Харковската област, Олег Синегубов.

Воените претставници соопштија дека, според првичните извештаи, загинале три лица, а најмалку десет се ранети, при што меѓу повредените има и деца.

Руската војска изврши два ракетни удари врз центарот на градот. Службите за вонредни состојби реагираат на самото место. ссм/

фото: архива

Остани поврзан