Во Општина Кочани гласале 146 болни и немоќни лица од пријавените 173
- Во пресрет на вториот круг од Локалните избори во Македонија денеска во Кочани гласаат болните и немоќни лица, како и лица што се во куќен притвор. На територијата на Општина Кочани, според податоците од ОИК, за вториот круг биле пријавени 173 лица што и припаѓаат на таа категорија избирачи, од кои правото на глас денеска го оствариле 146 од нив. Во Кочани гласале и двајца избирачи кои се во куќен притвор.
Кочани, 1 ноември 2025 (МИА) - Во пресрет на вториот круг од Локалните избори во Македонија денеска во Кочани гласаат болните и немоќни лица, како и лица што се во куќен притвор. На територијата на Општина Кочани, според податоците од ОИК, за вториот круг биле пријавени 173 лица што и припаѓаат на таа категорија избирачи, од кои правото на глас денеска го оствариле 146 од нив. Во Кочани гласале и двајца избирачи кои се во куќен притвор.
На Локалните избори во Општина Кочани в недела, 2 ноември, ќе се гласа на вкупно 63 избирачки места, односно на 59 локации, со оглед на тоа што четири избирачки места се со помалку од десет запишани избирачи, кои ќе гласаат во соседното најблиско избирачко место.
Денеска и утре во тек е предизборен молк. Избирачките места ќе бидат отворени утре во периодот од 7 до 19 часот. Право на глас во Општина Кочани имаат 32 446 граѓани. ис/вј/
Фото: МИА