Во крводарителска акција во Чашка собрани 19 крвни единици
- Општинската организација на Црвен крст Велес организира успешна крводарителска акција во Чашка во во која 19 дарители ја покажаа својата хуманост. Еден од нив за прв пат даруваше крв и така стана дел од најхуманото семејство, информира Орце Николов секретар на ООЦК Велес.
Велес, 28 јануари 2026 (МИА) – Општинската организација на Црвен крст Велес организира успешна крводарителска акција во Чашка во во која 19 дарители ја покажаа својата хуманост. Еден од нив за прв пат даруваше крв и така стана дел од најхуманото семејство, информира Орце Николов секретар на ООЦК Велес.
Оваа крводарителска акција прва во оваа календарска година Црвениот крст ја реализира во соработка со медицинска екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Општинското основно училиште „Тодор Јанев“, а каде се одржа акцијата, како и со поддршка од Општина Чашка.
Инаку во трите лански крводарителски акции во Чашка беа собрани вкупно 65 крвни единици.
Општинскиот Црвен крст Велес на 1 февруари ја организира и првата годинашна акција во Велес попозната како традиционална Зимска акција за крводарување, а која ќе се одржи во недела од 9 до 15 часот во просторија на Театарот.Тие ги повикувааат сите граѓани да дојдат и даруваат од драгоцената течност која живот значи.ад/
Фото: Општински Црвен крст