• петок, 21 февруари 2025

Во инцидент на железничка станица во Париз повредени две лица

Во инцидент на железничка станица во Париз повредени две лица

Париз, 3 февруари 2025 (МИА) – Припадниците на обезбедувањето на француската железница денеска отворија оган врз маж кој им се заканувал со оружје.

Во инцидентот, што се случи на железничката станица Остерлиц во Париз, повредени се две лица.

Мажот цртал кукест крст на железничката станица кога му пришле припадници на обезбедувањето, а тој им се заканувал со оружје, за кое подоцна се утврди дека е лажно. Обезбедувањето отворило оган, при што сериозно е повреден напаѓачот, додека случаен минувач е полесно повреден. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан