• понеделник, 12 јануари 2026

Во Зрновци во тек е постапката за легализација на бесправно изградените објекти

Во Зрновци во тек е постапката за легализација на бесправно изградените објекти

Зрновци,12  јануари 2026 (МИА) - Локалната самоуправа на Општина Зрновци ги потсетува жителите дека во тек е постапката за легализација на бесправно изградените објекти.

Градоначалникот на општината, Ванчо Митев рече дека истекува последна можност за сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација до Општина Зрновци, а чија постапка е во прекин, да ја искористат законската можност, за нивно комплетирање и решавање. 

Законот за постапување со бесправно изградени објекти, важи заклучно со 03.03.2026 година. 

- Се повикуваат, сите засегнати лица, навремено, да се обратат во Општина Зрновци, да се информираат за статусот на своето барање и да ја достават потребната дополнителна документација. Во спротивно, доколку барањата не бидат навремено дополнети, истите ќе бидат одбиени, согласно законските одредби, вели градоначалникот Митев.ис/са/

фото: МИА

 

 

 

Остани поврзан