Во зимската крводарителска акција во Велес собрани рекордни 104 крвни единици
- Во денешната традиционална зимска крводарителска акција, прва годинава во Велес, собрани се 104 крвни единици, а шест лица првпат дарувале крв станувајќи дел од заедницата на хуманите. Орце Николов секретар на Општинската организација на Црвен крст, во изјава за МИА, оцени дека денешната акција за крводарување е една од најуспешните во изминатите години.
Велес, 1 февруари 2026 (МИА) – Во денешната традиционална зимска крводарителска акција, прва годинава во Велес, собрани се 104 крвни единици, а шест лица првпат дарувале крв станувајќи дел од заедницата на хуманите.
Орце Николов секретар на Општинската организација на Црвен крст, во изјава за МИА, оцени дека денешната акција за крводарување е една од најуспешните во изминатите години.
- Благодарни сме на велешани кои се одзваа на нашата покана и денеска како и многупати досега ја докажаа својата хуманост на дело, а резултат е поволниот биланс од собрани 104 крвни единици, потенцира Николов
Тие акцијата ја организираа со волонтери на Црвен крст во соработка со медицинска екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје предводена од д-р Горан Андонов.
Инаку, во ланската зимска акција за крводарување беа собрани 32 крвни единици, а во 2024 година, 60 крвни единици. ад/вг/
Фото: Црвен крст Општина Велес