Во декември помалку издадени одобренија за градба
- Државниот завод за статистика денеска излезе со податоци дека во декември биле издадени 287 одобренија за градење, што е за два процента помалку во однос на истиот месец лани.

Скопје, 12 февруари 2025 (МИА) - Државниот завод за статистика денеска излезе со податоци дека во декември биле издадени 287 одобренија за градење, што е за два процента помалку во однос на истиот месец лани.
Предвидената вредност на објектите изнесува 4 954 058 илјади денари што е за 22,6 проценти помалку во однос на истиот период минатата година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 175 се наменети за објекти од високоградба, 48 за објекти од нискоградба и 64 за објекти за реконструкција. Предвидена е изградба на 705 станови, со вкупна корисна површина од 59 557 м2.
Физички лица како инвеститори се јавуваат кај 157 објекти, а кај 130 објекти инвеститори се правни субјекти. бак/ац/
Фото: МИА архива