• сабота, 21 февруари 2026

Во Давос средба на Вучиќ со Марта Кос

Во Давос средба на Вучиќ со Марта Кос

Белград, 21 јануари 2026 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ објави на „Инстаграм“ дека денеска во Давос имал разговор со европската комесарка за проширување Марта Кос за актуелни теми во односите меѓу Србија и ЕУ.
Вучиќ и Кос разговарале и за реформските обврски и енергетската безбедност.

„Фокусот беше ставен на реформските обврски, зајакнувањето на владеењето на правото и институциите, подобрувањето на инвестициската средина, подобрата поврзаност преку инфраструктурата, како и енергетската безбедност и транзицијата“, напиша Вучиќ на „Инстаграм“.

Тој додаде дека разговарале и за тоа како да се забрза економската конвергенција преку европските инструменти и планот за раст за Западен Балкан и да се отворат дополнителни можности за развој за економијата и младите луѓе. 

„Особено истакнав дека е важно Србија да го зачува духот на дијалогот во регионот и во Европа во време на растечки поделби бидејќи тоа е единствениот одржлив начин за решавање на отворените прашања, зачувување на мирот и создавање услови за долгорочен напредок“. зш/јт/

Фото: Инстаграм/Вучиќ

Остани поврзан