• четврток, 26 март 2026

Во Владата панел дискусија за раст на економијата и економска сигурност на граѓаните

Во Владата панел дискусија за раст на економијата и економска сигурност на граѓаните

Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министрите за финансии и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Гордана Димитриеска Кочоска и Цветан Трипуновски ќе учествуваат на панел дискусијата на тема „Раст на економијата - економска сигурност на граѓаните“ што ќе ја модерира портпаролката на Владата, Марија Митева.

Панел дискусијата ќе се одржи во Медија центарот на Владата, а ќе се емитува и на официјалниот „Јутуб“ канал на Владата.

По панел дискусијата ќе следи сесија за поставување на прашања од страна на новинарите.вј/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан