Во Виница се чисти снегот во градот и во повисоките наслени места
- Екипи на ЈП „Солидарност“ од Виница денеска уште од раните утрински часови се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците во градот, од патните правци кои гравитираат од селата кон градот и од патните правци кон селата во Општина Виница, соопштува локалната самоуправа.
Виница, 21 јануари 2026 (МИА) - Екипи на ЈП „Солидарност“ од Виница денеска уште од раните утрински часови се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците во градот, од патните правци кои гравитираат од селата кон градот и од патните правци кон селата во Општина Виница, соопштува локалната самоуправа.

-Исчистени се неколку патни правци: Осојница-Липец, Липец-Блатец, Блатец-Скараница и Виница-Градец. Во моментов се чисти во високите делови од градот, а попладне ќе продолжиме со чистење кон селата Лаки, Пеклани, Драгобраште, Крушево, Трсино, Трстија, Грљани, Калиманци и Црн Камен, информира градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски. ис/вј/
Фото: Општина Виница