Во велешката населба Превалец реконструиран коловозот и тротоарот
- Во велешката населба Превалец, локалната самоуправа во соработка и со финансиска поддршка на Јавното претпријатие за државни патишта целосно го реконструира коловозот на потегот од железничкиот премин во центарот на населбата се’ до излезот од населбата кон складот на „Макпетрол“. Воедно целосно е реконструиран и тротоарот.
Велес, 23 јануари 2026 (МИА) – Во велешката населба Превалец, локалната самоуправа во соработка и со финансиска поддршка на Јавното претпријатие за државни патишта целосно го реконструира коловозот на потегот од железничкиот премин во центарот на населбата се’ до излезот од населбата кон складот на „Макпетрол“. Воедно целосно е реконструиран и тротоарот.
Како што информира денеска градоначалникот Марко Колев, во изминатите неколку месеци се одвиваа градежни активности на регионалната патна делница низ населба Превалец, каде што покрај реконструкција на коловозот во соработка со ЈПДП се работеше и на подобрување на состојбата на тротоарите.
- Со оваа инвестиција се овозможи безбедно движење на сите учесници во сообраќајот.Безбедното движење на пешаците е приоритет на општината, потенцира Колев.ад/
Фото: Општина Велес