• петок, 05 декември 2025

Во Битола ќе биде откриен мурал по повод 30 години од македонско-австралиските дипломатски односи

Во Битола ќе биде откриен мурал по повод 30 години од македонско-австралиските  дипломатски односи

Скопје, 29 ноември 2025 (МИА) - Во Битола, денеска ќе биде отриен мурал во рамки на активностите на Австралиската амбасада за одбележување на 30 години од билатералните односи со Република Северна Македонија.

Според Амбасадата на Австралија за Северна Македонија, муралот е дело на австралискиот уметник Финтан Скот Меги, и претствува симбол на долгогодишното пријателство меѓу двете земји.

За прославата на 30 години билатерални односи Австралиската амбасада организираше и изложба на автохтона уметност во Музејот на современа уметност.

По повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Австралија и Македонија, во Скопје се одржува и краток дводневен Фестивал на австралискиот филм во соработка со Кинотеката. 

Вчера беше прикажан австралискиот филм „Домаќинство за почетници“ (Housekeeping for Beginners)  на истакнатиот македонско-австралиски филмски режисер Горан Столевски, а денеска, публиката ќе има можност да ја погледне комедијата „Дворска пепел“ (Backyard Ashes) од Марк Грентел и да дознае повеќе за тоа колку крикетот им значи на Австралијците. вг/вј/

Фото: плакат

 

 

Остани поврзан