Во антимафијашка операција на Сицилија уапсени 181 лице
- За време на голема операција против членови на мафијата во областа Палермо, уапсени се 181 лице, меѓу кои и водачи и изнудувачи од различни мафијашки групи.

Палермо, 11 февруари 2025 (МИА) - За време на голема операција против членови на мафијата во областа Палермо, уапсени се 181 лице, меѓу кои и водачи и изнудувачи од различни мафијашки групи.
Истрагата ја водеа карабинерите, а ја координираа обвинителот Маурисио де Лусија и заменик-обвинителката Марсија Сабела.
При операцијата е откриен обид на Коза Ностра да ја обнови својата регионална структура и да ја зголеми својата моќ, јавија италијанските медиуми. рп/
Фото: МИА архива