• сабота, 21 февруари 2026

Во авионска несреќа во Колумбија загинаа 15 луѓе

Во авионска несреќа во Колумбија загинаа 15 луѓе

Богота, 29 јануари 2026 (МИА) – Тринаесет патници и двајца членови на екипажот синоќа загинаа откако се урна авион во Колумбија.

Авионот полетал од северниот град Кукута, но исчезна од радарите пред да слета во Оканија. Леталото се урна во близина на границата со Венецуела.

Колумбиските власти потврдија дека нема преживеани во несреќата. Сè уште се истражува причината за падот на авионот. ми/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан