ВМРО-ДПМНЕ: СДС со истите лаги, Македонија не е изолирана, туку ослободена од нивниот хаос
- зминатите седум дена, додека во СДС беа изгаснати светлата, веројатно беа нивните најпродуктивни денови. Тишината им одговара многу подобро од ова денешно повторување на истите несериозни конструкции, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.
Скопје, 24 ноември 2025
Изминатите седум дена, додека во СДС беа изгаснати светлата, веројатно беа нивните најпродуктивни денови. Тишината им одговара многу подобро од ова денешно повторување на истите несериозни конструкции, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.
Парадоксално е како СДС успева да се самодискредитира секогаш кога ќе се појави. Наместо да понудат барем еден нов аргумент, повторуваат шаблони кои одамна не поминуваат кај никого. Кога нема што да понудиш, единствено што останува е да измислуваш.
Ако продолжат вака, нивните најдобри денови навистина ќе останат оние кога светлата во Бихаќка се исклучени.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: МИА архива