Влажен бран со дожд и снег, од понеделник стабилизација и пораст на температурите
- Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура.
Скопје, 18 февруари 2026 (МИА) - Утре, во текот на ноќта, и в петок, под влијание на нов влажен бран, ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови (до 25 литри на квадратен метар), а локално ќе има услови за појава на грмежи - соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура. дма/вј/
Фото: МИА архива