• сабота, 21 февруари 2026

Виткоф, специјалниот пратеник на Трамп, утре на средба со Путин во Москва

Виткоф, специјалниот пратеник на Трамп, утре на средба со Путин во Москва

Давос, 21 јануари 2026 (МИА) - Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, соопшти дека утре ќе оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин.

- Треба да се сретнеме со него в четврток. Русите сами ја побараа таа средба, што сметам дека е значајна изјава од нивна страна, изјави Виткоф во интервју за Си-Ен-Би-Си.

Претходно, Кремљ потврди дека се подготвува за посетата на Виткоф и на Џаред Кушнер, зетот на Трамп, во рамките на напорите за мировни преговори за Украина.

Според медиумските извештаи, претставници на САД и Русија веќе разговарале за билатералните односи и војната во Украина на маргините на Светскиот економски форум во Давос. На средбата одржана вчера, присуствувале Виткоф, Кушнер и рускиот преговарач Кирил Дмитриев.

Иако официјални резултати не се објавени, руските медиуми објавија видео на кое Виткоф средбата во Давос ја оценува како „многу позитивна“. ссм/јт/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан