Виткоф: Создавањето бесцаринска зона во Украина би било „пресвртница“
- Специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, денеска изјави дека верува оти создавањето бесцаринска зона во Украина би било „пресвртница“ за економијата на земјата.
Давос, 22 јануари 2026 (МИА) - Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека верува оти создавањето бесцаринска зона во Украина би било „пресвртница“ за економијата на земјата.
- Мислам дека постигнавме голем напредок. Преговорите се сведоа на уште едно прашање. Значи, ако двете страни сакаат да го решат ова - ние ќе го решиме, рече Виткоф на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Виткоф подоцна денеска ќе патува за Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и да разговараат за завршување на војната во Украина.
Виткоф ќе биде придружуван и од зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Специјалниот претставник на САД претходно објави дека ќе разговараат за план од 20 точки за завршување на војната, за кој рече дека е „завршен повеќе од 90 проценти“. мс/са/
фото: ЕПА