• сабота, 21 февруари 2026

Виничкото ОУ „Славчо Стојменски“ доби фитнес центар

Виничкото ОУ „Славчо Стојменски“ доби фитнес центар

Виница, 22 јануари 2026 (МИА) - Учениците од ООУ „Славчо Стојменски“ од Виница второто полугодие од учебната година го започнаа со интересен новитет – во функција е пуштен новоизградениот мини фитнес центар во рамки на училишните простории.

Центарот располага со две обновени и  целосно опремени простории: едната со модерни и современи справи за теретана, а другата е наменета за аеробик и пилатес активности. Со ова, еден дотогаш нефункционален простор, е пренаменет во современа мини теретана и фитнес центар, кој веќе прераснува во омилено спортско катче за учениците.

Проектот е реализиран на иницијатива на училиштето, со силна поддршка од Општина Виница и со помош на општествено одговорни компании, што уште еднаш ја потврдува успешната соработка меѓу локалната самоуправа, образовните институции и приватниот сектор, се наведува во соопоштението што денеска го објави локалната  самоуправа.

Вчера  се одржа  првиот час во новиот фитнес центар, во присуство на градоначалникот Митко Костадиновски. Ова претставува уште еден значаен чекор напред во унапредувањето на условите за образование и спорт, како и во развојот на локалната заедница, велат од Општина Виница.

Второто полугодие,инаку,  во сите училишта на територијата на Општина Виница започна навремено и непречено, во услови кои ги задоволуваат сите потребни стандарди за овој период од годината. ис/

фото: Општина Виница

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан