• недела, 18 јануари 2026

Вечер на класична магија - концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу

Вечер на класична магија - концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу

Скопје, 26 декември 2025 (МИА) - Љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со емоции, виртуозност и уметничка инспирација. Младиот и исклучително талентиран пијанист Арда Мустафаоглу вечер ќе одржи пијано концерт во Cevahir Mall Skopje.

-Публиката ќе биде поведена на музичко патување каде секој тон носи приказна, а пијаното станува глас на емоциите. Настапот ветува длабоко доживување на класичната музика, во кое тишината, прецизноста и чувството се спојуваат во уникатна уметничка целина, велат организаторите.

Од „Џевахир Мол“ ги поканија сите љубители на уметноста „да си дозволат момент на мир, инспирација и музика што се чувствува со срцето“.

Оваа вечер, пијаното ќе зборува, а емоциите ќе одекнуваат во просторот на „Џевахир мол“, нудејќи, како што велат, доживување што не се пропушта. сст/хс/

Фото: организатори

Остани поврзан