Велика Британија ќе и испрати на Украина воена помош во вредност од 187 милиони долари
- Велика Британија ќе и испрати на Украина воена помош во вредност од 187 милиони долари.

Брисел, 12 февруари 2025 (МИА) - Велика Британија ќе и испрати на Украина воена помош во вредност од 187 милиони долари.
Од Велика Британија во Украина ќе бидат испратени беспилотни летала, тенкови и системи за противвоздушна одбрана, беше соопштено денеска на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
На состанокот официјални претставници разговараат за издвојувањата за воена помош за Украина. рп/
Фото: МИА архива