Велика Британија погодена од бурата Еовин
- Поради силните ветрови кои достигнуваат и брзина до 160 километри на час утрово во делови од Велика Британија откажани се летови, а во прекин се бродскиот и железничкиот сообраќај

Лондон, 24 јануари 2025 (МИА) – Поради силните ветрови кои достигнуваат и брзина до 160 километри на час утрово во делови од Велика Британија откажани се летови, а во прекин се бродскиот и железничкиот сообраќај.
Во Шкотска и Северна Ирска издадено е црвено предупредување поради бурата Еовин.
Десетици летови утрово се откажани од аеродромите во Глазгов и Единбург во Шкотска. Локалните власти ги предупредија луѓето да не излегуваат пеш или со автомобили „освен ако е апсолутно неопходно“.
Полицијата на Северна Ирска го опиша невремето како „исклучителен временски настан“, каде утрово ветерот достигна брзина и до 174 километри на час. ми/
фото: МИА архива