• петок, 09 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Велигденски хуманитарен базар во Македонска Каменица

Велигденски хуманитарен базар во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 22 април 2025 (МИА) - Во Македонска Каменица денеска се организира Велигденски хуманитарен базар.

Дел од собраните средства ќе бидат донирани за поддршка на социјално загрозените семејства во Македонска Каменица.  Според градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски
кој учествуваше во настанот ова е силна порака дека хуманоста и солидарноста живеат меѓу нас, благодарение на најмладите.

-Денеска имав чест и задоволство да бидам дел од Велигденскиот хуманитарен базар во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, настан исполнет со многу љубов, радост и хуманост од нашите ученици.Бев восхитен од вредните раце на учениците, кои заедно со наставниците, родителите и училишната организација на Црвен Крст, подготвија богата трпеза со најразлични специјалитети, истакна Атанасовски.

Најважно за организирањето на настанот според него не претставува само изложбата на детска креативност, туку и благородната цел за посветениот труд и вниманието за поготовка на вкусната храна.

-Искрено им честитам на сите ученици, наставници и раководството на училиштето за прекрасната организација. Се радувам што ваквите вредности се негуваат и поттикнуваат од најрана возраст, додаде Атанасовски.

Ваквите настани како што додаде и тоа како  се важни во градењето на Македонска Каменица како заедничко дом и заедница со големо срце. вс/сст/


Фото: Општина Македонска Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан