Вашингтон пост: Претставници на Белата куќа размислуваат за намалување на буџетот на федералните агенции од 30 до 40 проценти
- Претставници на Белата куќа размислуваат за намалување на буџетот на федералните агенции во просек меѓу 30 и 40 отсто, фокусирајќи се на значително намалување на персоналот, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на неименувани извори.

Вашингтон, 13 февруари 2025 (МИА) - Претставници на Белата куќа размислуваат за намалување на буџетот на федералните агенции во просек меѓу 30 и 40 отсто, фокусирајќи се на значително намалување на персоналот, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на неименувани извори.
Весникот додава дека тимот на милијардерот Илон Маск, кој сега е на чело на Одделот за владина ефикасност (DOGE), иницирал големи отпуштања на федерални вработени.
Американскиот претседател Доналд Трамп и Илон Маск започнаа програма за „одложена оставка“, која има за цел да ги охрабри федералните работници сами да ги напуштат своите работни места со финансиски надомест. паг/
Фото: МИА архива