• сабота, 10 јануари 2026

Вардар и Ќосевски спогодбено го раскинаа договорот

Вардар и Ќосевски спогодбено го раскинаа договорот

Скопје, 22.декември 2025 (МИА) - Ракометниот клуб Вардар и десното крило Ален Ќосевски спогодбено го раскинување договорот. Тоа значи дека играчот е слободен во изборот на нов клуб.

Ќосевски е дете на Вардар, кое има настапувано и во младинските селекции на клубот. Има настапувано и за екипата на Вардар Јуниор, а од 2019 година е дел од првиот тим. Во црвено-црниот дрес мина неколку сезони.

Ќосевски беше дел од генерации кои испишуваа важни резултати во историјата на клубот, освојувајќи трофеи на домашната сцена.

Според најавите Ќосевски можно е да направи трансфер во редовите на амбициозниот проект на ГРК Охрид. мн/

Фото: Фејсбук РК Вардар 1961

Остани поврзан