• недела, 08 март 2026

Вардар во Велес денеска се излеа од двете страни на кејот

Вардар во Велес денеска се излеа од двете страни на кејот

Велес,16 февруари 2026 (МИА) – Поројните дождови од изминатите денови придонесоа за зголемување на нивото на Вардар кое денеска во Велес на мерното место кај Стар Мост било високо со измерени 198 сантиметри  за разлика од вчерашните 132 е зголемено за цели 66 сантиметри,а тоа предизвика поплавување на Кејот на Вардар од двете страни посебно од десната страна каде целосно е под вода,а  од левата страна  на кејот, поплавени се само скалите.

Инаку денеска Вардар во Велес е со зголемено ниво и во Градскиот парк,и од другата страна на бавчите во Речани,но засега  нема излевање.

Од Управата за Хидрометеоролошки работи известија дека во четвртокот на 12 февруари  на Вардар во Велес  биле измерени високи 223 сантиметри, а на 13 феврури 217 сантиметри..Инаку просекот за февруари од изминатите години на Вардар во Велес е само 89 сантиметри. ад/ра

Фото:МИА

Остани поврзан