• недела, 08 март 2026

Детската претстава „Чудесниот напиток“ на театарот „Златен елец“ во велешкиот театар

Детската претстава „Чудесниот напиток“ на театарот „Златен елец“ во велешкиот театар

Велес, 8 март 2026 (МИА) – На големата  сцена на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа беше прикажана детската претстава „Чудесниот напиток“ со Хари Потер на независниот театар „Златен елец“ од Скопје. За одличната изведба на актерите со многу чудесни напивки и магии од детската публика и нивните родители беа наградени со долг и силен аплауз а сосема за крај и се сликаа со нив на сцената. Основачи на овој независен театар пред шест години се Надица Петрова, Бобан Алексоски и Тамара Стојановска.

Во изјавата за МИА, режисерот на претставата и актерка Надица Петрова со видна насмевка потенцира дека се среќни што секаде каде што патуваат и настапуваат на сцените низ земјава така и пред велешката најмлада публика, изнудуваат многу радости и насмевки и се наградеи со силен аллауз.

Таа појаснува дека целта на овој театар е да им даде можност на сцената да играат неактивирани, невработени актери, кои во Македонија ги има 350, а кои завршиле Драмски уметности и никогаш не стапнале на сцена.

Таа појаснува дека овој независен театар е самиот одржлив и самиот себеси се финансира,а понекогаш добиваат и по некој грант. Така имаат можности се повеќе и повеќе да растат и да добијат се повеќе можности да настапат на сцена и да носат нови радости кај публиката.

Петрова им порачува на сите да одат во театар од најмала возраст до возрасните, а затоа што театарот е потребен и поучен.

-Оваа работа е таква напорна, но за љубовта вреди да видиш во публика толку деца насмеани и среќни. Театарот е секогаш убав поучен и затоа секој треба да оди во театар. А ние треба да работиме театар кога сме се одлучиле на ваква професија, потенцира Петрова.

Инаку независниот театар „Златен елец“ досега имал повеќе гостувања на велешката сцена, а Надица Петрова имала и свој стенд- ап настап.

Со оваа детска претстава „Чудесниот напиток“ со Хари Потер тие најавија гостувања и во други градови во земјава. ад/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан