Вадефул претпладнево ја завршува посетата на Белград и заминува за Приштина и во Скопје
- Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, кој синоќа пристигна во Белград, претпладнево ќе разговара со својот српски колега Марко Ѓуриќ и претставници на граѓанското општество, по што ќе отпатува во Приштина и во Скопје, каде што ќе ја заврши својата тридневна посета на Западен Балкан.
Белград, 18 ноември 2025 (МИА) - Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, кој синоќа пристигна во Белград, претпладнево ќе разговара со својот српски колега Марко Ѓуриќ и претставници на граѓанското општество, по што ќе отпатува во Приштина и во Скопје, каде што ќе ја заврши својата тридневна посета на Западен Балкан.
Вадефул синоќа разговараше со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Нагласив дека Србија придава големо значење на соработката со Германија, која е еден од нашите најголеми и најважни партнери. Разговаравме за бројни проекти, особено во областа на енергетиката и инфраструктурата. Му се заблагодарив на министерот Вадефул за поддршката што Германија ја дава на нашите процеси на економски развој и реформи“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
По Белград, Вадефул ќе отпатува во Приштина, каде што ќе разговара со претседателот на Косово Вјоса Османи, премиерот во технички мандат Албин Курти и со германските војници во мисијата КФОР.
Потоа, шефот на германската дипломатија ќе отпатува во Скопје.
Вадефул ја започна турнејата во недела со посета на БиХ, а потоа беше во Црна Гора и Албанија пред да пристигне во Белград. зш/