• понеделник, 23 март 2026

Вадефул: Германија нема да учествува во американско-израелските напади врз Иран

Вадефул: Германија нема да учествува во американско-израелските напади врз Иран

Берлин, 2 март 2026 (МИА) - Германија нема да учествува во американско-израелските напади врз Иран, изјави денеска шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул.

- За разлика од Велика Британија, која им дозволи на САД да ги користат британските бази во регионот за уништување на иранските ракети и местата за лансирање ракети, Германија нема такви бази околу Иран. Ние исто така ги немаме потребните воени ресурси - посочи Вадефул додавајќи оти германските војници ќе се бранат ако бидат нападнати.

Единици на Бундесверот во моментот се распоредени во Јордан и Ирак.

Вадефул нагласи дека „значајната програма за балистички ракети“ на Техеран вклучува ракети со дострел, што претставува закана и за Европа.

- Иранскиот режим отсекогаш бил решен да дејствува против Европа и европските интереси и ѝ се заканува на Германија со тероризам - посочи Вадефул.

Тој наведе и дека Иран можно е да почне кибернапади против Германија. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан