• понеделник, 12 јануари 2026

В среда започнува пријавувањето за скокање по Чесниот крст во Кочанска Река

В среда започнува пријавувањето за скокање по Чесниот крст во Кочанска Река

Кочани,12 јануари 2026 (МИА) - В среда, 14 јануари 2026 година, односно на 1 јануари според стариот календар, во православниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани започнува пријавувањето за учество во традиционалното фрлање на Чесниот крст во водите на Кочанска Река.

Право на учество имаат полнолетни мажи од христијанска вероисповед со навршени 18 години, да се жители на Oпштина Кочани, како и задолжително да приложат лекарска потврда дека се здрави.

Пријавувањето ќе се врши најдоцна до недела, 18 јануари, во периодот од 8 до 15 часот, во кочанскиот храм.

Информацијата ја потврди протојереј-ставрофор Гоце Ефтимов.

Празникот Богојавление – Водици се одбележува следниот понеделник, на 19 јануари, при што тој ден е државен празник и неработен ден.

Фрлањето на Чесниот крст ќе се одржи на мостот во „Паркот на Револуцијата“, каде што оваа верска манифестација традиционално се организира секоја година.ис/

фото: МИА

 

 

 

 

Остани поврзан