• петок, 05 декември 2025

Буфон: Гатузо е најдобриот избор за селектор на Италија

Буфон: Гатузо е најдобриот избор за селектор на Италија

Рим, 22 ноември 2025 (МИА) – Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон верува дека Џенаро Гатузо е најдобриот избор за репрезентацијата.

- Сите ја сакаме италијанската репрезентација. Глупавите споредби меѓу сегашните играчи и минатото само ги прават да се чувствуваат инфериорно. Ајде да размислиме кој има корист од ова. Дали Гатузо е вистинскиот тренер?. Секако. Тој е вистинскиот тренер, тој е најдобрата личност што можеше да биде избрана. И вие новинарите го знаете тоа, рече Буфон. 

Под водство на Гатузо „Азурите“ ќе се соочи со плејофот во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан