• петок, 05 декември 2025

Буну прогласен за најдобар голман на Африка во 2025 година

Буну прогласен за најдобар голман на Африка во 2025 година

Сале, 20 ноември 2025 (МИА) - Голманот на Ал-Хилал и марокомски репрезентативец, Јасин Буну, е прогласен за најдобар голман на Африка за 2025 година. 

Ова е втор пат како ја освојува наградата (првиот беше во 2023 година) на Африканската фудбалска конфедерација.

Во тековната сезона Буну одигра 19 натпревари во сите натпреварувања и прими 19 гола. Осум пати ја зачува мрежата чиста. 

Фудбалерот на ПСЖ, Ашраф Хакими, беше прогласен за африкански играч на годината, додека мароканскиот крилен напаѓач на Вотфорд, Отман Мама, беше прогласен за најдобар млад фудбалр. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан