• сабота, 22 февруари 2025

Британски војник осуден над 14 години затвор поради шпионажа во корист на Иран

Британски војник осуден над 14 години затвор поради шпионажа во корист на Иран

Лондон, 3 февруари 2025 (МИА) – Британскиот војник Даниел Абед Калиф осуден е на 14,3 години затвор поради собирање на чувствителни информации во корист на Иран и евидентирање на имиња на припадниците на специјалните сили.

Тој во ноември минатата година осуден е поради собирање на воен и доверлив материјал во корист на Иран во периодот од 2019 до 2022 година, како и за собирање на информации кои би можеле да бидат искористени за тероризам.

Калиф, чија мајка е родена во Иран, во 2023 година побегна од лондонскиот затвор Вандсворт, додека чекаше судење по други обвиненија. Тој беше вратен во затвор по неколку дена.

Тој тврди дека е патриот и оти ги контактирал британските разузнавачки служби МИ6 и МИ5 за да биде „двоен агент“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан