• сабота, 22 февруари 2025

Болоња прв полуфиналист во Копа Италија

Болоња прв полуфиналист во Копа Италија

Бергамо, 5 февруари 2025 (МИА) – Екипата на Болоња синоќа ја победи Аталанта и се пласираше во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија. Натпреварот се одигра на стадионот „Атлети Азури д’Италија“ во Бергамо и заврши 1:0 за гостинскиот тим.

Стрелец на единствениот гол беше Сантијаго Кастро во 80. минута.

Следниот противник на Болоња ќе биде одреден по натпреварот Јувентус против Емполи.

Другите две четвртфинални двојки се:
Милан – Рома и
Лацио – Интер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан