• петок, 21 февруари 2025

Бове по проблемите со срцето: Се чувствувам како пејач кој го загубил гласот

Бове по проблемите со срцето: Се чувствувам како пејач кој го загубил гласот

Фиренца, 16 февруари 2025 (МИА) - Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, зборуваше за тоа како се чувствува откако имаше проблеми со срцето во декември. На мечот со Интер, во 17. минута, 22-годишниот фудбалер падна на тревата, губејќи свест. Подоцна, Бове беше опериран и успешно му беше вграден пренослив поткожен дефибрилатор, но со него не може да игра во Италија.

Сега играчот од средниот ред на Фиорентина одржа говор на сцената на фестивалот во Сан Ремо.

-За мене е чест што сум овде и благодарен сум за поканата. Фудбалот е мојата форма на изразување и ми е тешко во овој период. Се чувствувам како пејач кој го изгубил гласот. Поддршката од луѓето беше неверојатна, без разлика на пристрасноста на клубот. Ова исто така ме натера да ја сфатам сериозноста на ситуацијата. Се разбудив во болница, не се сеќавав на ништо и дури откако ги видов погледите на другите, разбрав што се случило. Мојот случај ме натера да сфатам колку е тенка границата меѓу животот и смртта, изјави Бове. дс

Фото: Архива

Остани поврзан