Бен Симонс за трансферот во Клиперс: Се чувствувам одлично, подготвен да играм на високо ниво
- Новодојдениот кошаркар во Лос Анџелес клиперс, Бен Симонс е задоволен од приемот во за него новата клупска средина.

Лос Анџелес, 12 февруари 2025 (МИА) – Новодојдениот кошаркар во Лос Анџелес клиперс, Бен Симонс е задоволен од приемот во за него новата клупска средина.
- Се чувствувам одлично, подготвен да играм. Само сакам да излезам таму и да играм кошарка на високо ниво. Чувствувам дека токму тоа ќе ми се случи со Клиперс. Многу е полесно кога тимот има јасни намери за сезоната и разбирање за тоа кои сте, што ви треба и како можеме да си помогнеме. Се чувствувам удобно. Ги познавам повеќето момци во тимот. Ќе биде нешто необично за мене кога покрај мене има многу играчи на теренот. Нема да ни треба многу време за да се чувствуваме еден со друг на теренот, изјави австралискиот кошаркар.
Симонс во Лос Анџелес клиперс дојде од Бруклин нетс. Претхо играше и за Филаделфија 76-ки. зс/
Фото: ЕПА