• сабота, 22 февруари 2025

Белен Мартинез Карбонел нова генерална секретарка на Европската служба за надворешни работи 

Белен Мартинез Карбонел нова генерална секретарка на Европската служба за надворешни работи 

Брисел, 23 јануари 2025 (МИА) - Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас ја именува Шпанката Белен Мартинез Карбонел за нова генерална секретарка на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). 

Мартинез Карбонел, која ќе ја преземе должноста на 1 февруари, на ова позиција ќе го наследи Стефано Санино. 

Како што соопшти ЕЕАС, Мартинез Карбонел има долгогодишно дипломатско искуство во ЕУ, како вработена во Службата и во Европската комисија. Во моментов таа е директор на Одделот за Глобалната агенда и мултилатералните односи во рамките на ЕЕАС, а претходно, меѓу другите позиции, била и директор за човечки ресурси на Службата.  

Во, исто време, Калас го именува Улоф Скуг за заменик генерален секретар на ЕЕАС за политички прашања. 

Тој има долгогодишно работно искуство во шведската и европската дипломатијата, вклучително и шеф на Делегацијата на ЕУ во ОН во Њујорк. Во моментов Скуг е специјален претставник на ЕУ за човекови права. Скуг ќе ја преземе должноста на 1 март. сп/

Фото: Икс

Остани поврзан