• сабота, 22 февруари 2025

Белгиски премиер Де Кро: Руската економија може да издржи уште една година војна во Украина

Белгиски премиер Де Кро: Руската економија може да издржи уште една година војна во Украина

Давос, 23 јануари 2025 (МИА) - Русија би можела да ги продолжи своите воени дејствија во Украина уште најмалку една година, изјави белгискиот премиер Александер де Кро за време на состанокот на Светскиот економски форум во швајцарското одморалиште Давос.

Де Кро прецизираше дека е од витално значење 16-тиот пакет санкции против Москва да вклучува ограничувања поврзани со гасот, енергијата и ѓубривата.

„Нашата анализа покажува дека руската економија може да ја издржи уште една година војна“, додаде Де Кро. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан