Бела куќа: Трамп има моќ да отпушти „секого“ во администрацијата
- „Тој е шеф на извршната власт, и затоа има моќ да отпушти секој од извршната власт што сака“, рече портпаролката на Трамп, Каролина Ливит, за потегот, за кој нашироко се смета дека е незаконски, јавија американските медиуми.

Вашингтопн, 28 јануари 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп има моќ да отпушти секого во неговата администрација, соопшти денеска Белата куќа во момент кога бранеше негови потези за шокантното отпуштање 17 владини инспектори.
„Тој е шеф на извршната власт, и затоа има моќ да отпушти секој од извршната власт што сака“, рече портпаролката на Трамп, Каролина Ливит, за потегот, за кој нашироко се смета дека е незаконски, јавија американските медиуми. зш/
фото ЕПА