Бела куќа: Одлуката на Трамп за прекин на финансирањето е „многу одговорна мерка“
- Белата куќа денеска ја бранеше одлуката на администрацијата на Трамп да ги замрзне сите заеми и грантови од федералната влада, потег што предизвика конфузија за судбината на илјадници милијарди долари финансирање.

Вашингтон, 28 јануари 2025 (МИА) - Белата куќа денеска ја бранеше одлуката на администрацијата на Трамп да ги замрзне сите заеми и грантови од федералната влада, потег што предизвика конфузија за судбината на илјадници милијарди долари финансирање.
„Ова е многу одговорна мерка“, изјави прес-секретарката на Белата куќа, Каролин Левит, на новинарите во Вашингтон
„На оваа администрација е обврска да се увери, повторно, дека секој денар е чесно пресметан“. зш/