• четврток, 19 март 2026

Без струја дел од корисниците од Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Аеродром, Центар, Гази Баба и Карпош

Без струја дел од корисниците од Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Аеродром, Центар, Гази Баба и Карпош

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска од 04:00 до 08:00 часот, без електрична енергија се корисниците од скопските населби: Бутел и Север во општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир во општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово во општина Шуто Оризари.

РЦУК - Скопје соопшти дека денеска од 07:30 до 15:30 часот ќе немаат струја корисниците на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника - Идадија во општина Центар, од 08:00 до 16:00 часот ул. „Тодор Чангов“ подулици бр. 10, 15 и 18 во општина Аеродром, од 09:00 до 13:00 часот, дел од ул. „Финска“ во општина Гази Баба, а од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. „Крагујевачка“ бр. 9 во општина Карпош.лв/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан