Без вода утре делови од Центар и Бутел
- Корисниците од улиците „Димитрија Чуповски“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Центар утре ќе немаат вода поради уличен дефект на водоводна цевка на ул. „Димитрија Чуповски“ бр. 27 (зад гимназијата „Јосип Броз Тито“).
Скопје, 22 април 2026 (МИА) - Корисниците од улиците „Димитрија Чуповски“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Центар утре ќе немаат вода поради уличен дефект на водоводна цевка на ул. „Димитрија Чуповски“ бр. 27 (зад гимназијата „Јосип Броз Тито“).
ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато утре од 8:30 часот до санирање на дефектот.
Од 8.30 часот утре без вода ќе бидат и корисниците од ул. „ Македонско-косовска бригада“, касарната „Илинден“, Трговскиот центар „Поинт“, „Вива фреш“, ресторан „Аванти“ и другите индустриски објекти во близина поради поставување водоводен приклучок на улицата „Босна и Херцеговина“ бр. 1-55 во Бутел.
Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до завршување на работните активности.
Фото: МИА архива