Без вода селата Возарци и Трстеник, населбата Брушани и комбинатот Фени
- Без вода за пиење во текот на денешниот ден ќе останат корисниците од селата Возарци и Трстеник, населбата Брушани и комбинатот Фени, соопштија утрово од Јавното претпријатие Комуналец - Кавадарци.
Кавадарци, 23 декември 2025 (МИА) - Без вода за пиење во текот на денешниот ден ќе останат корисниците од селата Возарци и Трстеник, населбата Брушани и комбинатот Фени, соопштија утрово од Јавното претпријатие Комуналец - Кавадарци.
Од претпријатието појаснија дека причината за прекинот во водоснабдувањето е дефект на водоводна линија во селото Возарци. Корисниците ќе останат без вода за пиење до санирање на дефектот. свд/дма/
Фото: МИА архива