• петок, 15 мај 2026

Без вода делови од Карпош, Центар и Бутел

Без вода делови од Карпош, Центар и Бутел

Скопје, 28 април 2026 (МИА) - Поради технички зафати денеска без вода ќе бидат делови од општините Центар, Карпош и Бутел. 

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известува дека од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Дебарца“, „Владимир Полежиновски“ и „Стефан Јакимов-Дедов“ во Центар, а во истиот временски период без вода ќе бидат и корисниците на дел од улиците „Париска“ „Варшавска“ и „Хелсинки“, вклучително и СУГС „Георги Димитров“ во Карпош. Од 9 часот без вода ќе останат и корисниците на дел од улицата „Бутелска“ и дел од населбата Бутел 1. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санациите. бак/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан