• сабота, 21 февруари 2026

Баскет кам ја доби организацијата на финалниот турнир од Купот во женска конкуренција

Баскет кам ја доби организацијата на финалниот турнир од Купот во женска конкуренција

Скопје, 26 јануари 2026 (МИА) - Завршницата на националниот Куп во женска конкуренција ќе се игра во Македонска Каменица. ЖКК Баскет кам ја доби организацијата на финалниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција.

Раководството на актуелниот шампион, пројави интерес за организација на националниот кошаркарски Куп, ги исполни условите поставени од јавниот повик за организација на финалниот турнир.

Согласно со договореното, четирите најдобри екипи во женска конкуренција, Крива Паланка, Бадел 1862, МЗТ бела вода и Баскет Кам, ќе бидат на едно место, во Македонска Каменица на 21 и на 22 февруари, и ќе одлучат кој ќе биде носител на пехарот во ова натпреварување за натпреварувачката сезона 2025/2026.

Натпреварите ќе се играат во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, а согласно со распоредот, во полуфиналето, кое е на распоредот на 21 февруари (сабота), ќе се сретнат екипите на Баскет кам и МЗТ Бела вода, односно Крива Паланка и Бадел 1862.

Победниците од двете полуфинални средби ќе играат во големото финале кое е предвидено да се игра на 22 февруари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан