Барселона ја зголеми предноста на врвот пред мадридското дерби
- Фудбалерите на Барселона попладнево во рамки на 29 коло во шпанската Ла Лига го совладаа Рајо Ваљекано на својот Камп Ноу со минимални 1-0.
Барселона, 22 март 2026 (МИА) – Фудбалерите на Барселона попладнево во рамки на 29 коло во шпанската Ла Лига го совладаа Рајо Ваљекано на својот Камп Ноу со минимални 1-0.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Араухо во 24 минута.
Барселона можеше да извојува и убедлива победа, но пропушти голем изгледни шанси, а на крајот можеше да биде казнета за промашувањата.
Најпрво, Алфонсо Еспино пропушти идеална шанса за гол во 83. Минута, а блиску до израмнување на резултатот беше и Де Фрутос во последните минути од натпреварот.
Барселона сега има седум бодови предност на чело на табелата пред второпласираниот Реал Мадрид, кој вечерва го игра големо градско дерби на Сантијаго Бернабеу против Атлетико. ег
ФОТО: ЕПА